Ќе го донесам Богдан Богдановиќ во Звезда! Антиќ ги изненади „делиите“ и „гробарите“

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Перо Антиќ, поранешен репрезентативец на Македонија и ас на Црвена звезда, вели дека ќе го доведе Богдан Богдановиќ во својот поранешен клуб.

Македонецот си поигра со асот на Атланта и миленик на навивачите на Партизан во Фенербахче, а сега со својата изјава ги шокираше и „делиите“ и „гробарите“.

– Се допишувавме пред два дена. Во постојан контакт сме, се шегуваме, бевме цимери. Ќе го донесам некогаш во Црвена звезда. Рече дека кариерата ќе ја заврши во Партизан, но мислам дека ќе ја заврши во Црвена звезда – низ насмевка изјави Перо Антиќ.

Се разбира, тоа е шега, па дури и да беше сериозен Антиќ, тоа ќе беше невозможна мисија, бидејќи знаеме колку Богдановиќ е верен на „црно белите“.

Тој ја коментираше и победата на Црвена звезда против парискиот тим во првото коло од Евролигата.

– Изгледаат одлично. За мене Црвена звезда е најдобра. Игокеа и Црвена звезда. Не ме прашувај за другите. Искуство, многу домашни играчи кои се познаваат и на чело со Милош Теодосиќ, Шеги, Деда… Ќе биде се подобро и подобро, се познаваат, долго време играат заедно. Добар тим. Жељко е легенда, тој секогаш има визија. Им посакувам се најдобро, знаете за кој тим навивам. Сигурно има добар план. Добрата Црвена Звезда не функционира без добар Партизан и обратно, додаде Антиќ.

Слични содржини