Ќе има замрзнување на цените, маркетите ќе добијат забрана за акциска продажба до 30 ноември

од Nikola Popovski
546 прегледи

Сите анализи покажуваат дека нема основ на зголемување на основните прехранбени производи и од страна на трговците и производителите, имајќи го во предвид намалувањето на цените на основните производи на светските берзи, вели министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција со директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

Бектеши информира дека завршните сметки на ланците супермаркети покажуваат дека немаат намалување на приходите, туку само зголемување.

Затоа Министерството за економија, потенцира Бектеши, пратило предлог-одлука до Влада за да се забрани да се нуди акциска и промотивна продажба од страна на сите ланци на трговци до 30 ноември.

Наредна недела ќе следи одлука за замрзнување на цените во прехранбената индустрија. Забележано е дека некои ланци супермаркети прават измама со можностите за акциска продажба или намалување. Точно ќе знаат колку е одредена цена, а не да се калкулира дневно или неделно со тие цени и да се доведуваат во заблуда граѓаните. Замрзнувањето е за да се знаат цените точно колку е и колку ќе биде намалувањето, а не да им се дава можност на одредени трговци со тоа да злоупотребуваат, кажа министерот.

Бектеши очекува од понеделник да има најмалку 10% намалување на сите прехранбени производи во земјава.

Тоа е минимум намалување. Одлуката во вторник на Влада може да донесе уште поголемо, додава првиот човек во ресорот економија.

Слични содржини