Ќе ја добие ли Никола Јокиќ четвртата МВП-награда? Одговорот ќе го дознаеме вечерва! Големото прашање кое со месеци го мачи кошаркарскиот свет — Никола Јокиќ или Шеј Гилџус-Александер? — вечерва конечно ќе добие одговор. НБА-лигата ноќеска точно во 1 часот по полноќ ќе го објави добитникот на престижната награда за најкорисен играч (MVP) на регуларната сезона. Според повеќето прогнози и гласови на новинарите, канадскиот ас Шеј Гилџус-Александер е во пол-позиција за трофејот, но статистиката вели поинаку.
Според досега објавените податоци од гласањето, Гилџус-Александар има освоено 397 поени, додека Јокиќ има 283. Но, ако ги погледнеме бројките од сезоната — Јокиќ има значително поразвиени статистики:
– Никола Јокиќ: 29,6 поени, 12,7 скока, 10,2 асистенции по натпревар, со 57,6% успешност во шутот од поле.
– Шеј Гилџус-Александар: 32,7 поени, 5 скока и 4,1 асистенција, со 51% шут од поле.
Иако Шеј има повеќе поени, Јокиќ очигледно има поголемо влијание врз својата екипа. Без него, Денвер Нагетс тешко дека би стигнале до плејофот.
Важно е да се напомене дека МВП-наградата се доделува исклучиво за настапите во регуларната сезона, без оглед на тоа што се случува во плејофот.
Ако вечерва трофејот отиде во рацете на Шеј, оваа сезона на Јокиќ ќе остане запаметена како најдобрата индивидуална сезона што не резултирала со МВП-награда — нешто слично како и во 2023 година, кога под влијание на јавноста, наградата му припадна на Џоел Ембиид, иако Јокиќ повторно имаше посилни бројки.
Ќе видиме дали вечерва правдата ќе победи и дали Србинот ќе ја освои својата четврта МВП-награда, или пак историјата ќе му даде шанса на Гилџис-Александар за својот прв трофеј.
Одговорот — набргу!