Ќе ја искористи ли Уставен суд последната шанса да го обели образот?

од desk4
Уставен суд има уште една шанса да ја поправи скандалозната одлука кога донесе решение со кое се отвора можноста Претседателот на државата да помилува осуденици за изборни нерегуларности, сметаат дел од експертите. Пензионираниот правник Стамен Филипов кој до сега има поднесено преку 1200 иницијативи до Уставен, смета дека се уште има надеж Уставен да одлучи во интерес на правото, јавува 24 вести.
ustaven-sud
Универзитетскиот професор Осман Кадриу  изрази сериозен сомнеж дека иницијативата е директно поврзана со актуелните обвинувања на Специјалното обвинителство за изборна криминализација.
Следното мериторно одлучување ќе биде тест за  уставните судии кои треба да донесат одлука која ќе води кон владеење на правото или  кон политизација и партизација, смета универзитетскиот професор Гордана Силјановска за емисијата Вин Вин на 24 вести.
Решението на Уставен суд предизвика протести меѓу граѓаните, револт во научната јавност која не ги штеди критиките.
loading...

Слични содржини