АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката во соработка со ФФМ отпочнува процес на целосно менување на тревната површина коешто последен пат е изведено во 2012 година.
Проектот е донација од ФФМ преку УЕФА и се очекува да биде готов пред националниот натпревар со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова најсовремена тревна површина согласно највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции.
-Дополнително, пред поставување на тревната површина нашето Друштво активно работи на надградба на системот за наводнување на тревата, на начин којшто ќе биде најадекватен за новото игралиште. Вредноста на инвестицијата и на донацијата ќе биде дополнително истакнато кога ќе се презентира целиот овој проект како реализиран. Новите услови на Националната арена ќе ги подобрат условите за работа на националниот и клупскиот фудбал и генерално, се во насока на успешно развивање на спортот во РСМ, од ПУИГ.
Најдобрите македонски фудбалери неодамна во одличен меч одиграа нерешно, 1-1 со Италија, на домашен терен, во меч од квалификациите за ЕП 2024, но во европската јавност наместо за успехот на жолто-црвените повеќе се пишуваше за условите на Aрената „Тодор Проески“. Главен виновник за ужасниот терен бил паразит што јадел трева.