Од 1 јануари, Министерството за финансии повеќе нема да дава согласност за вработување, туку раководителите на државните буџетски институции сами ќе одлучуваат за нови вработувања во согласност со годишниот финансиски план и прегледот за вработувања, информира ресорниот министер Фатмир Бесими.
Со измени на Законот за Буџет кои ќе стапат во сила на почетокот на годината министерства, јавни претпријатија, акционерски друштва во државна сопственост, јавно-приватни субјекти ќе можат да вработуваат без да добијат согласност од Министерството за финансии.
Министерот за финансии Бесими на брифинг со новинарите вели дека со ова се децентрализирализира вработувањето на државно.
Досега сите јавни институции бараа согласност за Годишен план од Финансии, МИОА или Политички систем, потоа Финансии мораше да даде известување за обезбедени финансиски средства, познато како ,,согласност” за вработување, па дури потоа институцијата објавуваше оглас.
Бесими тврди дека ова ќе доведе до индивидуална одговорност кај раководните лица бидејќи ако ги злоупотребат буџетите на институциите, ќе одговараат кривично.