Ќе поскапат сите пекарски производи доколку се зголеми цената на електричната енергија

од Vladimir Zorba
27,1K прегледи

Очекувањата за корекција на цената на електричната енергија, деновиве ги натера производителите на прехрамбени производи да прават калкулации дали и колку евентуалното покачување ќе влијае на нивните трошоци.

Во изјава за „Локално“, загрижено коментираат дека секој пораст на трошоците за производство во кој влегуваат репроматеријалите, енергенсите и човечките ресурси значи и покачување на цената на производите. Најавите за повисока цена на струјата очекуваат дополнително да ја зголеми цената на пекарските производи затоа што поголем дел од пекарите користат електрична енергија.

„Евентуалното поскапување за 5% на електричната енергија ќе им зададе сериозен удар и на занаетчиите кои се снабдуваат на регулираниот пазар. Пекарите и сега работат со минимална заработувачка, со ова покачување на брашното и електричната енергија ќе настане проблем за опстанок на пекарите занаетчии, Помалите пекарски работилници со оглед на тоа што имаат помал обем на производство и исти трошоци ќе мораат согласно зголемените трошоци да ги покачат цените затоа што веќе работат со загуби“, вели Анета Атанасовска-извршен директор во Занаетчиска комора Скопје.

Анета Атанасовска

Анета Атанасовска

Пред неколку дена цената на лебот се зголеми за 10 % а како оправдување беше посочен фактот дека пораснала цената на електричната енергија на регулираниот пазар .Од прехрамбената индустрија секојдневно потенцираат дека многу фактори влијаат за повисоките цени на производите од брашно,како што се минималната плата, се помалку земјоделски површини засеани со жито и акутниот недостиг на работници особено на мајстори за правење пецива.

Недостигот на квалификуваната работна сила е голем проблем за сите занаетчиски дејности, и во пекарството има голем недостиг на работна сила мајсторите пекари се дефитарни занимања, голем дел од нашите члкенки ги затворија своите бизнис или ги избришаа работните простории, занаетчиите сами работат немаат финансии да ги платат мајсторите. Доколку не се вклучат младите во изучување на занаетите и вработување директно занаетчискиот сектор проблемот со дефицицитот на работна сила ќе затвори многу занаетчиски дејности, додава Атанасовска.

Дел од експертите побараа новата Влада да ја врати старата цена по која ЕСМ ќе и продава електрична енергија на ЕВН, односно цената на ЕСМ да остане 57 евра за мегават час. Идниот премиер Мицковски пак вчера упати уверување до граѓаните дека идната Влада ќе ја врати цената на електричната енергија со тенденција како што рече, да ја намали кога ќе почне новиот период на регулирање на цената, а тоа е од први Јануари.

К.В.С.

Слични содржини