„ЌЕ СЕ БОРАМ ДО КРАЈ“: Жестоко обраќање на провокативната судијка по објавувањето на видео од интимна врска со 61-годишен делегат

од Nikola Popovski
664 прегледи

Турскиот фудбал неодамна го потресе необичен скандал. Станува збор за с*кс афера во која се вмешани младата судијка Елиф Карарслан (24) и делегатот на УЕФА, Орхан Ердемир (61).

Пред неколку дена на социјалните мрежи беше споделено експлицитно видео од интимната врска меѓу судијката и делегатот, кој бил поранешен судија, поради што и двајцата заработија доживотни суспензии.

Елиф, поранешна талентирана фудбалерка на Бешикташ, која ја заврши кариерата поради тешка повреда и се посветила на судењето е децидна дека таа не е личноста на спорното видео од соблекувалната.

„Имам долг пат пред мене, но ќе го надминам на најсилен и најрешителен начин. Плачот, врескањето и тагата не е она што го правам. Ќе се борам за себе до крај. Јас сум само една од многуте повредени и оштетени, но се надевам и последна“, објавила Елиф.

Адвокатот на судијката кој ќе ја застапува во овој случај тврди дека снимката е направена со помош на вештачка интелигенција.

„На интернет кружи монтирано видео, која е создадена од вештачка интелигенција и нема никаква врска со мојот клиент. Можете јасно да видите дека сликата на видеото не е јасна и дека луѓето се составени од компјутер. Ова видео е направено злонамерно. Нема врска со она што се тврди во него, дека е креирано на профилите на мојот клиент. Покренуваме постапка против авторите кои ја креираат и споделуваат оваа навредлива содржина“, рекол адвокатот, пренесуваат турските медиуми.

Слични содржини