Ќе се покачуваат платите на сите вработени во јавните здравствени установи

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за давање овластување на министерот за здравство, за потпишување Анекс за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на Република Северна Македонија, како и на директорите, односно в.д. директорите на јавните здравствени установи, за потпишување анекси за изменување и дополнување на поединечните колективни договори.

Владата на Република Северна Македонија го овласти министерот за здравство да го потпише Анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на Република Северна Македонија, со којшто се врши зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството, почнувајќи со исплатата за плата за месец март 2023 година.

Министерот за здравство ќе го потпише Анексот со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Северна Македонија, со што се овозможува зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството. Според образложението од Министерството за здравство, покачувањата од 3.000 денари, 2.500 денари или 2.000 денари се однесуваат на сите вработени во јавните здравствени установи.

Владата на Република Македонија ги овласти и директорите, односно в.д. директорите на јавните здравствени установи, да ги потпишат поединечните колективни договори, со коишто се врши зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството, почнувајќи со исплатата за плата за месец март 2023 година.

Слични содржини