Новите предлози за реформи на Атина може да станат причина за тензии меѓу германскиот канцелар Ангела Меркел и федералниот министер за финансии Волфганг Шојбле, предупредува германското издание Bild.

Под притисок на европските партнери и најмногу на францускиот претседател Франсоа Оланд канцеларката Меркел повеќе е склона да го поддржи грчкиот план за реформи.Министерот за финансии Шојбле ги најде за “незадоволителни” и одби понатамошни преговори. Веќе две недели Волфганг Шојбле открива меѓу политичските средини дека за него разговорите со Атина се завршени. Меркел сепак инсистира на продолжување . Се очекува подоцна денеска министерот за финансии на Сојузна Република Германија да разговара со своите колеги од ЕУ за грчкиот пакет и нема да е изненадување ако Шојбле стави вето на програмата, која предвидува трет спасувачки пакет за економијата на оваа балканска земја.