Ќе се прави нов избирачки список, регистрација со отпечаток од прст

од desk3
123 прегледи

Средбата на работните групи во Клубот на пратеници се уште трае, а неофицијално се дознава дека се разговара дека партиите разговараат за активна регистрација со отпечаток на прст на гласачите за следните парламентарни избори кои треба да се одржат во април идната година.

lideri

Според неофицијални информации, тоа значи неколку месеци пред изборите граѓаните да се регистрираат со што би се создал нов избирачки список. Изворите тврдат дека копјата се кршат околу тоа дали регистрацијата да биде задолжителна или доброволна.

На работната средба се очекува да се разговара за изборните единици, гласањето на дијаспората и други детали околу изборите, кои се предвидени со договорот од Пржино.

 

META