Ќе се врши обдукција врз починатиот осуденик од затворот во Куманово

од Nikola Popovski
389 прегледи

Јавното обвинителство издало наредба за обдукција на починатиот притвореник во казнено поправната установа Затвор Куманово (К‘шање). Шеесет и седумгодишниот Д. Ѓ. од кумановското село Габреш, кој е осомничен за двојното убиство на сестра си и внукот и обид за убиство на другиот внук, бил пронајден мртов во притворското одделение во Казнено-поправната установа.

Според првични информации, станува збор за самоубиство. Од МВР само го потврдија случајот.

Д. Ѓ. во притвор го чекал судењето за двојно убиството и обид за убиство, кое требало да започне откако ќе заврши истрагата, бидејќи се работело за обемен предмет.

Од ЈОРСМ денеска соопштија дека е дадена наредба за обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта и ќе се чекаат резултатите од обдукцискиот наод.

Двојното убиство кое го изврши Д. Ѓ. се случи на 21-ви февруари годинава во селото Габреш, кога по расправија со двајцата внуци и сестрата извадил пиштол кој го поседувал со дозвола пукал кон нив. Во пукањето се убиени мајката и едниот син, а тешко бил повреден другиот син.

Слични содржини