Ќе се затворат ли границите? Протест на Царината во петок

од Nikola Popovski
405 прегледи

Предупредувачки протест на вработени во Царинска управа, најавија денеска од Синдикатот на УПОЗ.

Протестот ќе се одржи во петок од 12 до 12:30 часот.

– Вработените во Царинска управа веќе со години наназад, иако имаат право согласно закон и колективен договор за исплата на триесет проценти на плата, тој додаток никако не го добиваат, појасни претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека доколку се нема слух за барањето, протестите за предупредување ќе се радикализираат, се размислува и за затворање на гранични премини и најави дека ова ќе биде првиот од протестите што ќе следат и во други институции.

Царинската управа вчера доби нов директор. По вчерашната владина седница, потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев е именуван за нов директор на Царинската управа.

Слични содржини