Ќебапи со кромид, лепиња и кајмак во чинијата на Ивана Кнол: „Морам да го јадам ова пред…“

од Vladimir Zorba
513 прегледи

Ивана Кнол е позната како најатрактивната хрватска навивачка, но и љубителка на патувањата. Своите патувања редовно ги споделува со следбениците на Инстаграм, а неодамна го заврши и патувањето во Милано каде уживаше во италијанската храна.

“Чао, чао, Милано! Беше прекрасно! Едвај чекам да се вратам”, напиша Кнол покрај фотографијата од патот.

На својата инстаграм сметка објави дека претстои патување во САД, но пред тоа мора да ужива во храната од нашите краеви.

Таа објави дека ужива во ќебапи со кромид, лепиња и кајмак.

„Морам да го јадам ова пред…“, напиша Кнол покрај американското знаме и црвено срце.

Слични содржини