Почетна / Спорт / Кјелини верува дека за 3-4 месеци ќе се врати на теренот

Кјелини верува дека за 3-4 месеци ќе се врати на теренот

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини зборуваше за очекуваниот временски рок на враќање на терените. Претходно, тој ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

-Мислам дека ќе се вратам на теренот во февруари-март. За жал, ова е сè уште долго време. Поминав неколку дена во странство, а утре ќе продолжам со рехабилитација, што оди добро. Треба да бидете трпеливи, изјави Кјелини.

Оваа сезона 35-годишниот дефанзивец настапи на еден натпревар за Јувентус во Серија А. Тој играше на дуелот против Парма на кој го постигна единствениот гол.

loading...