Најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, Румер сподели неколку фотографии од познатиот актер и нејзината ќерка Луета Ајсли на Денот на таткото.
Имено, Румер го прослави овој празник во друштво на најблиските, а со нејзината емотивна порака многумина беа трогнати.
„Да го видам мојот татко како ја држи ќерка ми денес е нешто што ќе го негувам до крајот на мојот живот. Неговата слаткост и љубов кон неа е толку чиста и убава. Тато, јас сум многу среќна што те имам тебе, а и Лу, ти благодарам што си најзабавниот, најљубезниот и најкул татко што една девојка може да го побара. Најдобриот татко“, напиша Румер под сликата на Брус како ја држи својата мала внука.
Да потсетиме, на Брус му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, што е поретка форма на деменција.
Поради тоа тој се повлече од актерството, а покрај сегашната сопруга и ќерките, цело време покрај него е и поранешната сопруга.