Ќерката на Брус Вилис проговори за здравствената состојба на актерот и откри потресни детали

од Stefanija Kuzmanovska

Ќерката на Брус Вилис, Талула Вилис, во средата гостуваше во емисијата The Drew Barrymore Show, каде зборуваше за здравјето на нејзиниот татко.

Пред речиси една година светот беше шокиран од веста дека еден од најдобрите акциони херои на големото платно се повлекува од филмскиот свет.

На Брус Вилис првично му беше дијагностицирана афазија, болест која предизвикува губење на способноста за зборување, за подоцна да му биде дијагностицирана ретка форма на деменција.

Ѕвездата на филмовите „Армагедон“, „Умри машки“ и „Шесто сетило“ е опкружен со семејството, сопругата Ема и ќерките, како и со поранешната сопруга Деми Мур.

Неговата ќерка Талула сега откри во каква состојба е актерот.

„Исто му е, што мислам дека е најдоброто нешто што можеме да го побараме. Гледам љубов кога сум со него, тој ми е татко и ме сака, што е навистина посебно“, рече таа.

Откако на актерот му беше дијагностицирана тешката болест, неговото семејство често зборува за тоа и за состојбата на актерот. Според Талула, нивната цел е да ги освестат другите за деменцијата.

„Од една страна, тоа е кои сме ние како семејство, но во исто време е навистина важно за нас да ја шириме свеста за FTD. Ако можеме да земеме нешто со кое се бориме како семејство и индивидуално за да им помогнеме на луѓето, да го свртиме и да направиме нешто убаво околу тоа, тоа е многу посебно за нас“, рече таа.

Слични содржини