Ќерката на Џеј по повод годишнината од смртта на пејачот: Ти си мојата најголема гордост!

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Денеска е годишнина од смртта на Џеј Рамадановски, а по овој повод на Инстаграм се огласи неговата ќерка Марија.

„Четири години без тебе, татко мој. Нема потреба да пишувам ништо, се знаеш! Ти си мојата најголема гордост! Те сакам“, напиша Марија.

Да потсетиме, пејачот почина на 56-годишна возраст. Рамадановски беше погребан на 11 декември 2020 година во Алејата на заслужните граѓани, по муслимански обичаи, но и со иконата на Света Петка.

Познато е дека Џеј е роден како муслиман, но одел и во православна црква и велел „дека Бог е еден“.

Редовно ја посетувал капелата посветена на Света Петка, црквата Ружица на Калемегдан, додека во џамија бил само неколку пати, пишува српска „Нова“.

Слични содржини