Ќоку: Во ВЛЕН тешко може да се избере еден претседател бидејќи четворицата лидери се сложуваат многу добро

Пратеникот негира дека има судир во ВЛЕН за изборот на единствен лидер на коалицијата

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Фејсбук/Беким Ќоку

Координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, Беким Ќоку негира дека има судир меѓу четворицата лидери на владејачката коалиција составена од неколку партии од албанскиот политички блок. На прес-конференција во Собранието, пратеникот истакна дека функционерите се сложуваат добро меѓусебно и имаат тешкотии да изберат еден најдобар за единствен лидер на ВЛЕН, во случај коалицијата да се претвори во политички субјект.

„Нема судир, и ќе го кажам тоа донекаде на повеќе или помалку ироничен начин, често ќе кажам дека во ВЛЕН, „за жал“ се многу добри, бидејќи понекогаш мора да имате судир, за да добиете нешто од тоа, но лидерите на ВЛЕН во моментов имаат целосна хармонија и имаат исклучително позитивна комуникација и во духот на конструктивност.

Можеби ова, уште еднаш… би можело да биде објаснување, дека четворицата лидери се сложуваат толку добро, што честопати не гледаат разумно да го пронајдат најдобриот од нив и тоа е тешко“, оценува Ќоку.

Како што информира на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, коалицијата на лидерската средба ќе биде претставена од еден од лидерите на партијата и градоначалник на Тетово, Биљал Касами.

-Ние ја прифативме поканата и одлучивме да одиме на таа лидерска средба. Таму ќе присуствуваме јас како координатор и Биљал Касами како еден од лидерите на ВЛЕН. Во поканата нема конкретни прашања, рече тој.

Во однос на Пржинската влада, Ќоку нагласи дека не ѝ доликува на една земја која преговара за влез во ЕУ да има Техничка влада.