Ќучук бара земјите-кандидати, меѓу кои и Македонија да имаат можност да присуствуваат во ЕП без право на глас

од Nikola Popovski
300 прегледи

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук побара на политичарите од земјите-кандидати за членство во ЕУ да им се даде можност да присуствуваат во Европскиот парламент без право на глас. За време на дебатата за проширувањето на Унијата, тој изјавил:

„Нека размислат колку сериозно овие земји можат постепено да се интегрираат во ЕУ. Да бидеме реални – проширувањето нема да се случи денес или утре, но мора да има доволно јасни пораки, конкретни чекори и дејствија за да им покажеме, особено на граѓаните на овие земји, дека ќе припаѓаат на Европската Унија. Го поздравувам предлогот на (претседателката на ЕП) Роберта Мецола, давајќи им статус на овие земји, на нивните политичари да бидат тука со нас без право на глас“, рекол Ќучук, пренесуваат бугарските медиуми.

Слични содржини