Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е известувач за реформскиот напредок на нашата земја, побарал официјално одложување на гласањето за извештајот во ЕП, кое беше закажано за крајот на месецот. Потребата за одложување доаѓа како резултат на дебатата во ЕП минатата недела. Одлуката се заснова на чувствителната политичка ситуација и тековниот процес на неопходните амандмани на Уставот на Северна Македонија, меѓу кои е и вклучувањето на Бугарите како државотворен елемент и гарантирањето на нивните права, пишуваат бугарските медиуми.
Се наведува дека зголемените шпекулации и популистички изјави и во Северна Македонија и во Бугарија не помагаат да се најде конструктивен дијалог и не водат до потребната широка поддршка за Резолуцијата од политичките семејства во ЕП.
„Убеден сум дека претстојниот период пред гласањето на извештајот ќе биде сериозен тест за политичката елита во Северна Македонија и ќе ја измери подготвеноста на земјата да продолжи по патот на европската интеграција со спроведување на неопходните уставни измени. Во спротивно, критичарите кои не веруваат во европските аспирации на Северна Македонија може да се докаже дека се во право. Во секој случај, Европскиот парламент ќе има јасна линија на која ќе гласа за извештајот со големо мнозинство наесен“, изјавил Ќучук.
Известувачот за Македонија изразил надеж дека со давање повеќе време, ЕП ќе помогне да се постигне конструктивен дијалог и во надворешната комисија и ќе придонесе за зајакнување на довербата меѓу Македонија и Бугарија, како две соседни земји кои имаат заеднички иднината и аспирациите во европското семејство.