Кларк: Трамп ќе донесе правилни одлуки за регионот, Србија треба да го признае Косово

од Nikola Popovski
412 прегледи

Пензионираниот американски генерал Весли Кларк изрази уверување дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе донесе добри одлуки за Западен Балкан. Тој, исто така, изјави за „ABC News“ дека Србија треба да го признае Косово.

Кларк порача дека е во посета на регионот за да се увери во економскиот развој, истакнувајќи дека Албанија е успешна во напредокот на економијата, додека Косово „може повеќе“ на овој план.

Како што наведе, Трамп ќе донесе правилни одлуки во однос на земјите од Западен Балкан.

Кларк, кој во 1999 година беше на чело на силите на НАТО кои ја бомбардираа СР Југославија, рече дека е горд на таа операција, која резултираше со мир на Косово.

„Многу сум среќен што успеавме да донесеме мир и демократија на Косово, покрај нас имаше и голема група луѓе кои беа дел од оваа операција, голема оперативна група, бидејќи видовме дека е голем криминал и неправда, Се вршеше нечовечки третман, сакавме да престане, за луѓето во регионот да имаат мир и безбедност“, рече Кларк.

Тој изјави дека Србија треба да го прифати Косово и во иднина да продолжи со прифаќање на тој факт.

„Имаше етничко чистење и во БиХ и во Косово, беа убиени луѓе и тие не можат едноставно да се вратат и да живеат во мир еден со друг. Србија мора да го прифати Косово и албанскиот народ, да прифати иднина без Косово. Запрете со нападите, минатото е готово“, рече Кларк.

Слични содржини