Британците се придржуваат до одредени стереотипи, судејќи според резултатите од истражувањето за преференциите кон спротивниот пол, пишува “Daily Express”.
Анкета меѓу 4.000 корисници на новата апликација за состанување „Таип“ утврдила дека мажите “паѓаат” по витки блондинки, додека женските преференции натежнуват кон мускулести бринети.
Резултатите од анкетата покажуваат дека 50 проценти од претставниците на посилниот пол сакаат послаби дами, додека една петтина од нив преферираат руса боја на косата.
Жените исто така не бегаат од одамна наметнатите клишеа посакуваниот партнер да е висок, атлетик и темнокос убавец. Најмалку верници меѓу претставниците и на двата пола имаат црвенокосите.
Дури 11 проценти од мажите го оддаваат изборот на жени со портокалови коси. Дамите се уште неблагосклони – само четири проценти од нив се гледаат во прегратките на маж, чија коса е со боја на морков.
Апликацијата Таип им овозможува на корисниците да наведат конкретен тип партнер со кого би сакале да се запознаат, како и да ги филтрираат луѓето кои не им се допаѓаат.