„Класика“ на Тотенхем: Два гола предност, па потоп во Брајтон!

од Nikola Popovski
42 прегледи

Фудбалерите на Тотенхем денеска „танцуваа“ на дождот на стадионот „Амекс“ и постигнаа два гола до полувремето, иако можеа да дадат барем уште толку.

Заминаа на одмор и одржаа состанок во соблекувалната верувајќи дека се оддалечени само рутински 45 минути од освојување на трите бодови на југот од Англија.

Сепак, не очекуваа дека кога ќе се вратат на теренот и дека наместо класичниот островски дожд, ќе ги чека силно „невреме“.

Фудбалерите на Брајтон им приредија одлична забава на своите навивачи како и на фановите ширум светот кога постигнаа три гола за 18 минути игра за финални: Брајтон – Тотенхем 3:2 (0 :2) во еден од дерби натрепварите од 6. коло на англиската Премиер лига.

Секоја екипа имаше свое полувреме, само домаќините беа поефикасни во периодот на доминација за нивната прва лигашка победа од август и „скок“ над гостите на табелата во пресрет на паузата поради Лигата на нации на УЕФА.

Слични содржини