Класика во Париз: Надал против Ѓоковиќ во второто коло на олимпискиот турнир

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал тешко стигна до второто коло на олимпискиот турнир и меч против Новак Ѓоковиќ, кој денеска го совлада Мартон Фучович од Унгарија со резултат 2:1 (6:2, 4:6, 6: 4) за два часа и 32 минути.

Надал утре или задутре ќе игра против Србинот, а организаторите вечерва ќе го соопштат датумот и часот на тој меч.

Тоа ќе биде јубилејниот 60. меч на двата тениски гиганти, а Ѓоковиќ води со 30:29 во победи.

Во последниот меѓусебен натпревар Надал го доби четвртфиналето на Ролан Гарос со резултат 3:1.

Слични содржини