Клауд услуга на Huawei пушта Windows 10 на паметен телефон (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
112 прегледи


Сакате да го користите вашиот паметен телефон како целосен компјутер? Тоа е сосема можно со новата облачна услуга на Huawei, која овозможува пуштање на комплетна верзија на Windows 10 на мобилен уред, соопшти NotebookItalia.

Кинескиот производител на паметни телефони ја покажа својата нова услуга во CES Asia 2018. Таа е направена преку виртуелната машина базирана на облак.

Протоколот Huawei Desktop Protocol (HDP) овозможува оперативниот систем Windows 10 да се обраќа кон дата системот на паметниот телефон, односно може да користи свои датотеки складирани на мобилниот уред.

Се разбира, предвидена е и можност за поврзување на смартфонот кон монитор, а така се добива комплетен РС под управување на Windows 10. Според експертите, ова е најправилната и најефективна реализација од сите постоечки во моментов.

Досегашните развои на Samsung и другите компании, исто така, му овозможуваат на паметниот телефон да биде вклучен во монитор и да се користи како алтернатива на персоналниот компјутер. Но во сите случаи, реализацијата е еднаква – корисникот добива Android, но со позната „обвивка“, додека решението на Huawei го претвора навистина смартфонот во Windows PC.

Тоа не е услуга од иднината – таа веќе е подготвена за пуштање, макар и само во Кина во моментот на смартфоните Huawei P20 / P20 Pro, Mate 10 и Mate RS, како и на таблет MediaPad M5. Во подоцнежна фаза, Huawei ќе ја стартува услугата во Европа.