Kлаус: Европа ќе се соочи со “мигрантско цунами”

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус предупредува дека на повидок е нова миграција на народите.

images (2)

Врвот на миграцијата допрва доаѓа, предупредува во интервју за чешката ТВ Прима, поранешниот претседател Вацлав Клаус.

-Се чини дека тоа ќе биде следното селење на народите. Некој мисли дека се прелеал миграцискиот бран. Тоа, почнува и тој историски цунами допрва ќе дојде, рече Клаус.

Тој напоменува дека не може да биде предомислен некој кој низ трнливи патеки поминува илјадници километри за да најде нов дом, па затоа предупредува , бегалците да бидат запрени на границата  од Шенген зоната.

Клаус смета дека Чешка се уште не  е директно засегната од мигрантскиот бран и затоа не протестира.

– Ќе замолчам кога ќе добиеме наредба за примање на 1.700, ќе речам добро и кога ќе додадат една нула повеќе, 17.000. Но кога ќе добиеме 170.000, тогаш не знам како ќе реагирам, рече Клаус во врска со задолжителните квоти за примање на бегалци за земјите на ЕУ, вели Клаус.

Клаус смета дека потегот на германската канцеларка,  широко да ги отвори границите за бегалците е погрешен.