Претседателот на Романија Клаус Јоханис сподели по средбата на Европскиот совет во петокот дека изјавил пред лидерите на европските држави , дека Европа на неколку брзини не е добро решение и тоа, во екстремна ситуација, би можело да доведе до распад на Европската унија (ЕУ), пренесува агенција Agerpres.
Тој додаде дека се изведени неформални разговори во врска со декларацијата која лидерите имаат намера да ја донесуваат во Рим, чија почетна опција е подготвена. “Сите ние, 27-те, разговаравме за овој документ. Спротивно на очекувањата на многу аналитичари, ние не дискутиравме за иднината на ЕУ, туку за текстот, кој сигурно ќе биде претставен во Рим. Станува збор за документ во кој се потенцираат постигнувањата на Унијата до овој момент и се покажува нивото на намерите за иднината. Општо земено, стремиме кон позитивна изјава, која ќе ни овозможи храбро да продолжиме во ЕУ.
Намерите за иднината не може да се дискутира без некои појаснувања во однос на начинот на кој ние сите гледаме на иднината на ЕУ и во оваа врска, јас им објаснив на колегите зошто Европа со различни брзини не е добро решение, а токму спротивното, во екстремна ситуација тоа може да доведе до распад на Европската унија “, изјави Јоханис.
Според неговите зборови, лидерите на европските држави ќе продолжат да се фокусирани на текстот на декларацијата, која ќе биде потпишана во Рим, по што ќе следат разговори во Белата книга за иднината на ЕУ, претставена од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. “Ќе направиме пресек за искуство, во рамките на најмногу една-две години, и да ја претсавиме нашата заедничка визија за иднината на Европската унија”, додаде романскиот претседател.