Клаузула му дозволува на Халанд да го напушти Сити за 2 години

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Ерлинг Халанд и неговиот тим уште еднаш успеаја да вметнат клаузула за ослободување во договорот на Норвежанецот. Така беше во договорот меѓу него и Борусија (Дортмунд), па сега е во договор со Манчестер Сити.

Според „Билд“, оваа клаузула му овозможува на Халанд да го смени клубот за само две години – летото 2024 година, во случај некој да плати 150 милиони евра за него.

Манчестер Сити го привлече Халанд откако ја плати ослободителната клаузула од 75 милиони евра во неговиот договор со Борусија. Според некои извори, „граѓаните“ ја добиле битката за Халанд токму поради тоа што му ја исполниле желбата да вклучи таква клаузула.

Инаку, договорот на Халанд со Сити е на пет години.

Во Шпанија веруваат дека ослободителната клаузула била вклучена специјално за Реал Мадрид.

Слични содржини