Клеј Томпсон оди кај Јокиќ во Денвер?

од Vladimir Zorba
56 прегледи

Додека Никола Јокиќ го чека почетокот на подготовките за претстојните Олимписки игри во Париз, неговите Денвер Нагетс наголемо го градат својот ростер за следната сезона.

Со оглед на тоа дека Реџи Џексон си замина од клубот, а по неговиот пат наскоро ќе тргне и Кентавиус Колдвел Поуп, управата на франшизата од Колорадо веќе „фрлила око“ на играч од висок калибар, а според американските медиуми тоа е Клеј Томпсон (34) од Голден стејт!

Според „Атлетик“, Денвер Нагетс и Филаделфија Севентисиксерс летово ќе се обидат да донесат искусен шутер во своите редови, додека дел од медиумите истакнуваат дека Клеј е поблиску до Колорадо по најавата за заминување на популарниот „КЦП“.

„Извор од лигата рече дека Филаделфија е заинтересирана за Томпсон. Доколку Нагетс го загубат слободниот агент Кентавиус Колдвел-Поуп, кој одлучи да ја одбие опцијата да остане нивни играч и да излезе на отворениот пазар, извор од лигата рече дека Денвер го навеле Томпсон како можна замена“, пишува Атлетик.

Момчето кое минатата сезона забележа просечни 18 поени, со нешто поскромен процент за шут (43 проценти), е во последните, „витални“ години од кариерата и следниот клуб во НБА лигата може да му биде последен.

Како што се вели, се очекува Томпсон да потпише за клуб кој ќе му обезбеди долгорочен договор, па останува прашањето колку простор имаат Нагетс во „селери капот“.

Да потсетиме, Клеј Томпсон и раководството на Голден Стејт претходните недели работеа на продолжување на неговиот договор, но не најдоа заеднички јазик, па четирикратниот шампион наскоро ќе стане слободен играч и за прв пат во својот кариера, сериозно ќе го тестира пазарот.

Во НБА лигата пристигна во 2011 година, а целата своја кариера ја мина во Голден Стејт.

Слични содржини