Клековски откри кога ќе бидат достапни шесте лекови за онколошките пациенти

од Nikola Popovski
71 прегледи

За шесте лекови од биолошката терапција кои што се во дефицит за онколошките пациенти, директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски информираше дека за многу брзо време лековите ќе бидат достапни. Еден дел од лековите ќе бидат решени со донации кои ќе се реализираат во текот на недела. Како што кажа Клековски, лековите се во земјава и ги има на залиха, а дел од нив ќе бидат со анекси на договорите.

Според него, во моментов се работи на формирање на целиот план,почнувајќи од дијагностиката. Клековски смета дека заедно со подобрување на регистарот на пациенти, ќе се стабилизира ситуацијата.

-Критичните лекови ќе бидат многу брзо достапни, додаде директорот на Фондот пред почетокот на настанот Имплементација на стратегијата за здравство 2021-2030 година.

Надлежните тврдат дека нема недостаток на целата терапија туку 90% од лековите ги има на Клиниката за онкологија. Недостигаат лекови од биолошката терапија.

Болните од рак кои се лекуваат на Клиниката за радиотерапија и онкологија повеќе денови се без неопходната терапија. Тие алармираат дека од петокот (17 јануари) има недостиг на шест лекови од биолошката терапија, а стравуваат дека за брзо време може да снема уште три други. Од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје велат дека проблемот е настанат поради административни процедур

Слични содржини