Кличко: Бројот на повредени во нападот во Киев се искачи на 23

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Во руски воздушен напад во Киев се повредени 23 лица, од кои 14 се хоспитализирани, изјави градоначалникот на градот Виталиј Кличко.

„На преостанатите повредени им е укажана брза помош или нега на лице место“, напиша Кличко на Телеграм, според агенцијата Укринформ.

Министерот за внатрешни работи Игор Клименко изјави дека меѓу повредените е и едно 10-годишно девојче.