Кличко: Експлозии во Киев, погоден станбен блок

од Vladimir Zorba

Неколку експлозии одекнаа утрово во главниот град на Украина, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

На местото на настанот биле возила на брза помош и спасувачи. Во две згради во тек е спасување и евакуација на станарите“, додаде Кличко, пренесува BBC.

Агенцијата Франс прес објави дека е погоден станбен блок во градот.

Во саботата, Украина објави дека руските сили „целосно го окупирале“ клучниот источен град Северодонецк, по неколку недели жестоки борби.

Така, Русија го контролира речиси целиот регион Луганск и поголемиот дел од соседниот Доњецк, два региони кои го сочинуваат огромниот индустриски комплекс Донбас.

Зеленски во вечерашното обраќање вети дека ќе ги врати сите градови освоени од Русија.

Тој, сепак, додаде дека војната со Русија е влезена во емотивно тешка фаза и дека не знае уште колку загуби и удари ќе има.

Слични содржини