Кличко: Околу 70 отсто од Киев без струја

од Stefanija Kuzmanovska
136 прегледи

Водоснабдувањето е обновено на левиот брег на Киев и делумно на десниот брег, но 70 отсто од жителите на главниот град на Украина утринава останаа без струја, објави градоначалникот Виталиј Кличко.

„Инженерите и експертите на ‘Киевводоканал’ цела ноќ работеа на враќање на животот во главниот град. На левиот брег на градот веќе е обновено водоснабдувањето. Од десната планираме да го вратиме во првата половина од денот. Сепак, 70 отсто од градот сè уште останува без струја“, рече Кличко.

Ова е најголем прекин на струја во Киев од почетокот на војната, а доаѓа еден ден откако Русија изврши ракетни напади врз украинската престолнина.

Слични содржини