163
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека главниот град на Украина се подготвува за се и дека се размислува за евакуација на жителите.
Во интервју за РБЦ-Украина, Кличко побара од секој граѓанин на Киев да земе предвид различни сценарија и да биде подготвен, бидејќи, како што наведе, воените податоци покажуваат дека руските сили планираат да продолжат со нападите врз инфраструктурата на Украина.
Кличко рече дека би било голема грешка да не се подготвуваат за различни сценарија, пренесува „Униан“.