Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко му одговори на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој јавно го критикуваше дека не правилно организирал засолништа за помош на граѓаните кои останале без струја и вода поради руските напади.
Кличко на Телеграм рече дека таквата дискусија нема смисла и дека не сака да влегува во политичка битка во таква ситуација.
Претседателот Зеленски ги предупреди Украинците да се подготват за нови руски напади и можни прекини во снабдувањето со електрична енергија.
„Разбираме дека терористите планираат нови напади. Тоа сигурно го знаеме. И додека имаат проектили нема да се смират, за жал. Но, нашата способност да си помагаме и да се грижиме за оние на кои им е најтешко – постарите, семејствата со деца, оние кои останаа без домови и роднини поради војната. Нашата взаемна помош е еден од елементите на заштита од тероризам и е наша сила“, рече Зеленски.