Клиника „Жан Митрев“ бара деблокирање на сметките и ќе понуди имот како гаранција

од Nikola Popovski
122 прегледи

Приватната клиника „Жан Митрев“ денеска побара деблокирање на нивните сметки.

-Работењето и сметките на Клиника Жан Митрев се сѐ уште блокирани откако Кривичен суд на само еден ден пред закажаното прво рочиште донесе пресуда со решение за целосно блокирање на сметките на болницата, а обвинителката изјави дека нема намера да ја блокира болницата и тековното работење. Во тој случај, доколку обвинителката вели дека нема намера да ја блокира болницата и тековното работење нека побара деблокирање на сметките. Клиника Жан Митрев ќе понуди имот како гаранција, велат од Клиниката преку соопштение.

Додаваат дека целосно неосновано е образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката.

-Напротив, со донесените мерки работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес трпи штети. Сепак, Клиника Жан Митрев и во вакви околности и под ваков притисок, со блокирана сметка продолжува да работи со своите пациенти и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање, порачуваат од Клиниката.

Жан Митрев и болницата како правно лице се обвинети за кривичното дело измама, а предметот е поврзан со користење на методот на хемофилтрација кај ковид-пациенти за што обвинителството тврди дека докторот не смеел да го прикажува како алтернатива за лекување од овој вирус.

Слични содржини