Клиниката Жан Митрев преку соопштение ја информира јавноста дека и покрај тоа што имаат блокирани сметки продолжуваат со својата секојдневна работа.
-Павиме сложени кардиохируршки зафати и спасуваме животи на наши граѓани. Исто така после пет дена сметките остануваат блокирани. Обвинителната Искра Хаџивасилева пред медиумите изјави, – „Ова не е некаква хајка против болницата Жан Митрев“. Сакаме јавно и прецизно да одговориме низ статистички податоци:
– Во цела држава смртноста од Ковид беше 51%, во Клиника Жан Митрев смртноста беше двојно помала од другите болници во земјава и изнесува 25% и тоа на Интензивна нега.
– Овој процент на смртност од 25 % на интензивна нега во време на Ковид пандемијата во Европа е постигнат само во Германија и во нашата клиника.
– Во Македонија починаа 9663 пациенти од Корона, вие како Јавно обвинителство велите дека 1,7% од починатите биле измамени од нашата клиника.
– Обвинителке што се случува со останатите 98,3% кои починале и нивните семејства во другите болници. Точно обвинителке Хаџивасилева ова не е „некаква“, ова е многу добро организирана хајка, со обвинителен акт чиј што главен доказ е ТВ емисија со сцени од погреб, порачуваат од Клиниката.
Бидејќи статистичките податоци покажуваат 75% преживување, од клиниката „Жан Митрев“ бараат извинување и благодарност, а не блокирани сметки и како што велат, желба за уништување на нивната клиника.
–Сите овие бројки укажуваат само на тоа дека вистината е наша страна и дека обвинителниот акт е конструкција и обвинување без никаква основа. Ние веќе поднесовме жалба на вашето решение и уште еднаш на крајот апелираме за фер судење и деблокирање на сметките со цел да се отстрани притисокот кон секојдневното работење на нашата клиника, стои во соопштението од „Жан Митрев“.