Клинтон за аферата со Левински: На тој начин се борев со анксиозноста

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Бил Клинтон, поранешен претседател на Соединетите држави, рече дека неговата афера со Моника Левински било начин за борба против анксиозноста.

Ова е деталот што тој го откри во документарната серија „Хилари“, во која се раскажува за јавниот живот на неговата сопруга Хилари Клинтон, претседателски кандидат за 2016 година.

Во 1998 година, против Клинтон беше покрената постапка за давање лажни изјави за природата на врската со Левински. Тој беше ослободен од Сенатот и не се повлече од позицјата.

Моника Левински имаше 22 години во времето на аферата и работеше како соработник во Белата куќа.

Клинтон во документарецот вели: „Она што го направив беше навистина лошо, но не беше како да помислив: ова е најглупава работа, а потоа го сторив тоа“.

„Се чувствувате како да скитате – тоа е како да учествувате во борба од 15-рунди која е продолжена на 30, и накратко се појавува нешто, што може да ви го одземе умот. Секој има животни притисоци и разочарувања, стравови, а јас правев некои работи со години, за да се борам со анксиозноста“.

Неговата врска со Моника Левински беше главна вест кон крајот на 90-тите, бидејќи тогашниот претседател прво ја негираше аферата, пред подоцна да признае „несоодветен интимен физички контакт“.

Првичниот одговор на Клинтон на наводите во медиумите во 1998 година: „Немав сексуални односи со оваа жена“ – стана еден од највпечатливите цитати во американската политика.

Левински тврдеше дека нејзината врска со поранешниот претседател е доброволна, но ја нарече „груба злоупотреба на службената должност“.

„Секоја „злоупотреба“ што следеше ме правеше жртвено јагне за да ја заштитам неговата моќна позиција“, рече таа за „Венити Фер“ во 2014 година.

Таа рече дека имала „ограничено разбирање на последиците“ во тоа време и секојдневно жали за аферата.

Клинтон во документарецот рече дека се чувствува „ужасно“ дека нејзината врска со Моника и го одбележала животот.

„Со години се обидувам да ја гледам како се враќа во нормален живот, но вие мора да одлучите што е тоа“, рече тој.

На прашањето за аферата, Хилари Клинтон објасни колку лошо се чувствува за тоа.

„Бев толку повредена и не можев да верувам во тоа, не можев да верувам дека ме лажеш. Беше ужасно и реков, ако ова ќе биде јавно, треба да и кажеме на нашата ќерка Челси“.

Таа објасни дека „не сакала да има никаква врска со него“, откако излегле првите информации за аферата.

„Решив да останам со сопругот. Мислам дека некои мислеа дека сум донела вистинска одлука, а некои мислеа дека сум направила погрешна“.

Клинтон рече на продуцентите на документарецот дека разговорот со ќерката за тоа бил „ужасен“.