Кливленд го испрати Ајзеа Томас во Лејкерси

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Престојот на Ајзеа Томас во Кливленд Кавалиерс траеше само неколку месеци и вкупно 15 натпревари.

Тимот на Леброн Џејмс се раздели со плејмејкерот 3 часа пред да затвори пазарот за трансфери, испраќајќи го до Л.А. Лејкерс заедно со крилото Ченинг Фрај и избор од првиот круг на Драфтот.

За возврат, Кавси ги добија Џордан Кларксон и Лари Нанс Џуниор, откако вториот ќе го носи дресот на тимот каде неговиот татко играше помеѓу 1988 и 1994 година и направи добра кариера.

Томас, кој пристигна во Кливленд со договорот за Каири Ирвинг во летото, ги пропушти првите 2 месеци од кампањата, а со него во составот, скорот на Кавс беше 7-8.

Кларксон има 14,5 поени, а Нанс 8,6 и 6,8 скока, познат по својата силна одбранбена игра која може да направи добра работа за Кливленд, кој размислува за животот по ЛеБрон, бидејќи Џејмс се очекува да замине во текот на летото.

Со договорот, „езерџиите“ ослободуваат повеќе пари во потрагата да земат две суперѕвезди ова лето или наредното, бидејќи Томас и Фрај се слободни агенти по една сезона.

Слични содржини