Кошаркарите на Кливленд успеаја да го испратат ужасниот за нив месец јануари со победа, по силна одбранбена игра.
„Кавалирс“ го совладаа Мајами со 91:89 и го завршија месецот со баланс од 6-8. Тие не допуштија помалку од 90 поени од 20 ноември, но сега покажаа добра игра во одбраната и го ограничија противникот до 3 тројки од 28 обиди.
Во првиот дуел по повредата на Кевин Лав, Леброн Џејмс направи 6 грешки уште до паузата, но сепак се истакна со 24 поени, а на крајот го затвори и Џејмс Џонсон, кој бараше изедначување за „Жешките“.
„Да победиме на натпреварот благодарение на нашата заштита, по сите проблеми што ги имавме, беше импресивно. Уште позадоволни сме што победивме екипа, која е во форма“, изјави „Кралот“ по мечот.
Чанинг Фрај се вклучи подобро од клупата за победниците со 16 поени, а Ајзеа Томас додаде 13, иако шутот од игра беше само 2 од 15. За Мајами Горан Драгиќ постигна 18 поени.
Кливленд успеа да се подобри на 30-20, а Мајами се влоши на 29-22.
Останатите резултати:
Индијана – Мемфис 105: 101
Бруклин – Филаделфија 116: 108
Орландо – ЛА Лејкерс 127: 105
Атланта – Шарлот 110: 123
Бостон – Њујорк 103: 73
Феникс – Далас 102: 88
Портланд – Чикаго 124: 108.