Клои Кардашијан и Тристан Томпсон го очекуваат своето второ дете

од Stefanija Kuzmanovska

Клои Кардашијан (38) и Тристан Томпсон (31) го очекуваат своето второ дете преку сурогат мајка.

„Сакаме да потврдиме дека Тру ќе добие брат или сестра, зачнати во ноември. Клои е многу благодарна на сурогат мајката за тој благослов. Сакаме да побараме приватност за да може Клои да се фокусира на своето семејство“, соопшти нејзиниот ПР тим.

Сепак, тоа не значи дека Клои и Тристан се повторно заедно, изјави извор за „Е! канал“. Всушност, шест месеци по скандалот со татковството на Тристан, „тие не зборуваа надвор од темите за заедничкото родителство“.

Бебето било зачнато преку сурогат мајка пред Клои да дознае дека Тристан има дете со друга жена (што се случи во декември).

Слични содржини