Клои Кардашијан најде ново момче во Италија? (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан во Милано е уловена во прегратките на главниот актер на филмот „365 дена“ Микеле Мороне. Тие беа видени за време и по ревијата на „Долче и Габана“, каде дизајнерите и нејзината сестра Ким Кардашијан ја претставија својата нова колекција.

На настанот, Клои и Микел седеа еден до друг, во близина на децата на Ким и мајката Крис Џенер.

Сексапилниот Италијанец потоа на својот Инстаграм профил објави фотографија со Клои, која е направена зад сцената на модната ревија. Тој ја имаше ставено раката на нејзината половина и изгледаше како да ѝ шепоти нешто.

Сликата стана вирална, како и видеото што го споделија обожавателите на кои двајцата танцуваат на афтер забава. Парот на тој начин ги започна гласините дека се во романтична врска.

Да потсетиме, Клои неодамна доби второ дете преку сурогат мајка со нејзиниот поранешен партнер Тристан Томпсон, кој неколку пати ја изневеруваше.

Слични содржини