Клои Кардашијан откри зошто изгледа поинаку

од Vladimir Zorba

Клои Кардашијан промената во нејзиниот изглед ја припишува на козметиката, а не на операциите како што шпекулираат обожавателите.

Имено, Клои неодамна објави видео во кое им се заблагодарува на обожавателите што ја избраа за овогодинешната People’s Choice награда, а многу следбеници забележаа дека нејзиниот нос и брадата изгледаат невообичаено во видеото.

Риалити ѕвездата сега објави фотографија на Инстаграм на која позира покрај производ за колаген.

„Зборував многу за овие производи последните неколку недели … затоа што тие функционираат“, напиша таа под фотографијата и додаде дека најдоброто нешто за овие производи е што резултатите може да се видат многу брзо.

За потсетување, Клои објави фотографија на својот Инстаграм профил во мај, каде изгледаше значително поразлично од вообичаеното, а некои следбеници отидоа дотаму што напишаа дека Клои оди на неделна трансплантација на лице.

Слични содржини