Клоп: Ако Лева не ја доби сега „Златната топка“, никогаш нема да ја добие

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Меѓу милионите кои се изненадени од позициите на фудбалерите во борбата за „Златната топка“ е и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Германскиот тренер е најмногу изненаден што неговиот играч Мохамед Салах заврши на седмото место зад победникот Лионел Меси, второпласираниот Роберт Левандовски, третопласираниот Жоргињо, четвртиот Карим Бензема, петтопласираниот Н`Голо Канте и шестопласираниот Кристијано Роналдо.

„Изненаден сум од позицијата на Салах. Новинарите гласаат за „Златната топка“, па ако мислите дека Салах требаше да биде подобро пласиран, тогаш требаше да ги убедите колегите“, им рече Клоп на новинарите во пресрет на градското дерби со Евертон.

„Секоја година можете да му ја давате Златната топка на Меси за кариерата што ја направи, но ако не сте му ја дале сега на Левандовски, тогаш никогаш нема да му ја дадете… А Салах требаше да биде подобро пласиран, нема сомнение во тоа“.

Слични содржини