Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја покажа својата смисла за хумор по реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Бенфика. Натпреварот на „Енфилд“ заврши 3:3, но Ливерпул оди понатаму со вкупен резултат 6:4. Клоп за медиумите изјави дека нема причина да не биде среќен.
„Денот кога ќе стигнеме до полуфиналето на Лигата на шампионите и нема да сум среќен, дојди и те молам удри ме. Работите не испаднаа совршено, но сега тоа не е важно. Имавме цел и ја остваривме, што ме радува“, изјави Клоп.
„Направивме некои промени. Одбраната никогаш не играла во овој состав. Моравме да бидеме максимално фокусирани. Сè можеше да биде решено од детали“, продолжи германскиот стратег.
„Ќе биде чудно веднаш да се анализира Виљареал. Играат одлично и нивните резултати го докажуваат тоа. Штом успеаја да ги елиминираат Јувентус и Баерн, тогаш сосема заслужено стигнаа до полуфинале. Унаи Емери е кралот на Куповите. Неговите достигнувања се брилијантни“, изјави Клоп обраќајќи му се на следниот ривал на „црвените“.