Клоп демантираше дека ќе го смени Саутгејт како селектор на Англија

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Јирген Клоп ја отфрли можноста за враќање на тренерската работа и исто така ги отфрли сите шпекулации дека би можел да го наследи Герет Саутгејт како селектор на Англија.

Клоп на меѓународниот тренерски конгрес во германскиот град Вирцбург изјави дека неговиот советник не му пренесува „апсолутно ништо“ во врска со понудите за работа „ниту од клубови ниту од национални федерации“.

Запрашан за можниот интерес на Англија, тој рече: „Би било најголемото лицемерие во историјата на фудбалот да се каже дека би направил исклучок“.

Клоп го напушти Ливерпул летото по девет години минати на „Енфилд“, а претходно беше тренер на бундеслигашите Мајнц 05 и Борусија Дортмунд.

Германецот уште на почетокот изјави дека ќе паузира и не одговори конкретно на прашањето дали воопшто ќе се врати на тренерската работа.

„Ќе работам некоја работа. Премногу сум млад за да се занимавам само со падел тенис и да имам внуци. Дали повторно ќе тренирам? Всушност би го отфрлил тоа токму сега. Ајде да видиме што ќе се случи за неколку месеци. Нема ништо конкретно во моментов“, изјави Клоп.

Слични содржини