19
Играчот од средниот ред на Ливерпул, Кертис Џонс изјави дека поранешниот менаџер на тимот, Јирген Клоп одржува постојан контакт со тимот.
„Откако си замина Јирген, постојано добивам пораки од него. Тој е во контакт со целиот тим. Одлично момче. Јирген ги постави темелите и Арне Слот го продолжува она што го започна“, изјави Џонс, цитиран од „Ливерпул ехо“.
Германецот беше тренер на Ливерпул од 2015 до 2024 година. Со англискиот клуб ја освои Лигата на шампионите, Премиер лигата и други трофеи.
Од 1 јануари Клоп ќе стане глобален шеф за фудбалски операции во Ред Бул.