Клоп ги нарече навивачите идиоти поради хомофобијата

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Во интервју за официјалната веб-страница на Ливерпул, Јирген Клоп остро ги осуди хомофобичните извици со кои навивачите на Ливерпул го навредуваа играчот од средниот ред на Норич, Били Гилмур.

Ливерпул славеше на тој натпревар со 3:0, но играчот од средниот ред на Челси, на позајмица во Норич, беше жртва на навреди од трибините, па тренерот на Ливерпул одлучи да го адресира инцидентот.

„Никогаш тоа не сум го разбирал или поддржувал. Ги имаме веројатно најдобрите обожаватели во светот. Лесно е да се одлучи дека нема да пееме нешто повеќе. Така, сега може да се одлучи дека таа песна веќе не е наша. Јас не сум сигурен дека луѓето ќе ме послушаат, но би било убаво. Не сакам да ја слушам повеќе, и од неколку причини. Имам 54 години, а кога имав 20 години, реков многу работи што денес, фала му на Бога, не би ги рекол повеќе“, рече Клоп, додавајќи:

„Од играчка и тренерска перспектива, јасно ми е дека овие песни не можат да им помогнат на оние на теренот. Тоа е губење време. Кога ќе го слушнам стадионот како скандираат „Боби Фирмино“, „Мо Салах“ или „Никогаш нема да одиш сам“, тоа ме мотивира. и ме прави да се чувствувам подобро. Другите песни се губење време и ако оној што пее го мисли тоа што го пее, тогаш тој е идиот“.

Слични содржини