Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека е исклучително горд на своите играчи и се надева дека тоа е случај и со навивачите на тимот. Менторот на тимот од Мерсисајд зборуваше пред клупскиот сајт пред двата дуели на „Енфилд“ во наредните денови – против Шефилд во Премиер лигата и против Евертон за ФА-купот.
– Јас сум крајно горд на играчите и навистина се надевам дека навивачите се горди на нив. Овие играчи толку често покажаа дека се борат апсолутно за сè. Имаме предност во домашните дуели. Немаме други предности, но дома е поинаку, рече Клоп.
Во врска со зафатениот распоред, Клоп рече: „Навистина е тешко, но никој не се жали за тоа. Ние навистина не бараме изговори. Овие момци ги фрлаат сите сили што ги имаат и ова е нешто што уште еднаш ќе се обидеме да го направиме на 2 јануари.“